Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито зборуваше за интересот на клубовите од Саудиска Арабија за напаѓачот Чиро Имобиле.
„Немам добиено понуда за Имобиле. Тој ми е како син, не е за продажба. Би го сменил мислењето само ако некој понуди најмалку 50 милиони евра. Дури и тогаш ќе размислам дали би го продал“, го цитира Лотиро новинарот Фабрицио Романо.
Во сезоната 2022/23 Имобиле постигна 14 гола во 38 настапи за Лацио. Тој има договор со римскиот клуб до јуни 2026 година.
Дома Меѓународен фудбал Италија Лотито: Имобиле не е за продавање, но ако некој понуди 50 милиони...