„Покер“ на Цефас, Шкупи одличен во Литванија, Левски доаѓа во Скопје (ВИДЕО)

3140

Тимот на Шкупи лесно, уверливо и во голем стил на стартот на својот европски пат летово извојува триумф на гостувањето кај тимот на Хегелман во Литванија со конечни 0:5. Во дуел во кој тотално доминираше и ги искористи шансите во вистинско време тимот од Чаир, речиси сигурно (ако во Скопје не се случи сензација), си обезбеди двомеч во бугарскиот гигант Левски.

Што се однесува пак до денешниот меч, Шкупи поведе уште во 11. минута преку голот на Цефас, во првата поизгледна ситуација. Домаќинот израмни но голот беше поништен за да во 23 минута со глава Куевен зголеми на 0:2.

Победникот беше решен уште во финишот на првиот дел, кога Цефас со својот втор гол зголеми на 0:3.

Ако она што се случуваше во првиот дел беше некаков показател каде ќе оди овој меч продолжението го потврди токму тоа.

Реналдо Цефас го одигра мечот на кариерата и постигна гол за 0:4, но и за 0:5 во рапсодијата на Шкупи среде Каунас.

Хегелман – Шкупи 0:5 (0:3)

Стрелци: Цефас 11,  45, 56, 62  Куевен 23 (Ш)

Хегелман: Сведкаускас, Упстас, Церкаускас, Одеиоибо, Левсинас, Лутумба, Петкевичиус, Матувеличиус, Томпсон, Одеуенји, Дангубиќ

Шкупи: Иљази, Топевски, Пинтер, Илиевски, Ричков, Тимовски (Рамани 67), Куевен (Адем 67) Диене, Цефас (Сахити 87), Дуду (Ацковски 46), Трапановски (Воша 75)


ПретходноЛотито: Имобиле не е за продавање, но ако некој понуди 50 милиони евра тогаш…
СледноПолувреме: Бледа, анемична Шкендија…на Арената само 0:0!