Така е тоа кога ќе ги прекршиш сите правила на игра, барем оние основните, кога ќе дојдеш преку глава на сите во клубот. Кога ќе земаш стотина милиони евра а не го почитуваш клубот.
И затоа клубот, кој е пребогат и тоа како ќе се одмазди.
Ова го мислиме на се она што се случува со Килијан Мбаше и ПСЖ. Сега клубот од Париз го принудува напаѓалот да си оди, а тој смета дека најдобро е во јуни да го стори тоа и да замине во Реал Мадрид без отштета.
Па така сега “светците“ имаат намера да го ангажираат Жоао Феликс и на него да му го дадат дресот со бр.7, оној на Мбапе, а Килијан, ако остане во Париз, ќе ги гледа мечевите на “својот“ тим од трибини.
Со ова се сложил и новиот стратег Луис Енрике.