Новиот прволигаш Воска Спорт продолжува да ги засилува своите редови, овојпат ја зацврсти одбраната со трансферот на Стојан Стојчевски кој доаѓа од редовит на Гостивар. Тој потпиша договор на една сезона.
Стојчевски е освојувач на Купот на Македонија со А.Пандев во 2019 година, играше за Македонија ЃП, Силекс, Работнички, Брегалница Штип, Борец. Во Силекс одигра најмногу натпревари во кариерата.