ФК Вардар: Повик до сите фирми и компании, вашето место, како важни општествени чинители е тука заедно со нас и народот

532

Иако ФК Вардар во деновиве профункционира нормално, почна со подготовки, одигра пријатеслкис средби, па дури ќе замине и на Златибор, тоа не ги прави актуелните проблеми минато, напротив. Клубот сеуште не ги решил основите егзистенцијални прашања, ниту пак како ќе се справи со огромните долгови.Волја, визија, план и желба секако дека има пред се од Комитите, ЕДИНСТВЕНИТЕ кои во моментов прават нешто по ова прашање, и кои жестоко се борат клубот да не го допре дефинитивното дно.

Во таа насока предмалку ФК Вардар и официјално објаи дека е понудена соработка на најголемите фирми и компании во државава, на кои им се порачува дека клубот е отворен за соработка, а воедно и дека секоја помош е добредојдена.

ПретходноВо Баерн Минхен нема место за Мане!
СледноПартизан еден месец не знае каде е Дијабате