Францускиот претседател Емануел Макрон ги поддржа напорите за враќање на трката за Големата награда на Франција во календарот на Формула 1.
Градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси, побарал поддршка од Макрон за ова прашање. Претседателот дал позитивен одговор и им даде на Естрози и на шефот на Француската автомобилска федерација, Николас Дешо, овластување да преговараат со Ф1.
„Со право посочивте дека нашата земја, која секоја година е домаќин на големи меѓународни натпреварувања, мора да биде способна повторно да се поврзе со Формула 1 за општо добро. Прашање е за атрактивноста на нашата земја, нејзиното влијание врз автомобилската индустрија и иновациите за поддршка на декарбонизацијата на овој сектор“, напишал Макрон.