Женската ракометна репрезентација до 19. години доживеа уште еден пораз на актуелното ЕП. Овојпат нашите девојки беа немоќни против Исланд од кого загубија со конечни 35-29 (20-15). Во тек е разигрувањето за конечните места на овој турнир, а Македонија сега ќе треба дополнително да се потруди за да не заврши како последна.
Анастасија Трпческа кај нас имаше свој ден па погоди шест пати од исто толку обиди, а по еден гол помалку додадоа Стефаноска и Јанкуловска.
Следниот дуел кој Македонија ќе треба да го одигра за да го дознае својот конечен пласман на овој турнир е оној против Србија или Хрватска, во зависност кој ќе победи од овие две селекции.