Јуриен Тимбер, репрезентативецот на Холандија е нов играч на Арсенал.
Дефанзивецот пристигна од Ајакс во трансфер вреден 45 милиони евра (40 фиксни + 5 бонуси), потпиша договор до 2028 година. Покрај што е дефанзивец овој фудбалер најчесто ја покрива позицијата стопер, но може одлично да игра и десен бек.
“Навистина сме возбудени што ни се приклучи Јуриен. Тој е сестран и млад дефанзивец, ќе се вклопи во нашиот систем и ќе донесе многу квалитет во нашиот тим. Иако е млад, тој веќе постигна многу. Има искусни големи репрезентативни натпреварувања и освоени трофеи со Ајакс“, изјави менаџерот на Арсенал, Микел Артета.
Тимбер својата кариера ја започна во Ајакс, за чиј прв тим настапи 121 пат во сите натпреварувања. Тој дебитираше за Холандија во пресрет на Европското првенство во 2021 година и оттогаш одигра 15 натпревари во националниот тим.