Вокер од Сити се сели во Баерн

143

Според објавата на германскиот Скај Спортс, дефанзивецот на Манчестер Сити, Кајл Вокер ќе замине во Баерн Минхен.

Тој има уште една година договор со тимот на Сити, па летово очигледно е добра можност да се заработи барем нешто од неговата преселба. Изворот вели дека целата зделка ќе чини околу 17 милиони евра, а Вокер веќе ги договорил личните услови со Баерн.

Десниот бек очигледно ќе биде дел од новиот Баерн Минхен во кој централна фигура би требало да биде Хери Кејн кој исто така веќе ги договори личните услови со клубот и се чека Тотенхем и Баерн да си подадат рака околу сумата за која напаѓачот ќе премине во Баварија.

 

ПретходноСтоилковска поразена во продолжението од мечот од второто коло
СледноГрабул поуспешен од Јотовски во четвртфиналето на ДП