Струга Трим Лум, нашиот шампион, има голема шанса да се најде во втората квалификациска рунда во ЛШ. На првиот меч извади 0:0 во Вилнус, па така во реваншот во Охрид во вторник потребна е било каква победа.
Билетите веќе од пред неколку дена се во продажба, чинат по 1.200 денари, но за секој купен билет се добива маичка и билет за цела полусезона во ПМФЛ.
Инаку како што велат од клубот, продажбата оди одлично а покрај онлајн на мктикетс, сега истите може да се купат и во „Емпире бар“ во непосредна близина на клупските канцеларии во Струга.