Искусниот Едисон Кавани е пред трансфер во аргентинскиот гигант Бока Јуниорс. Како што јавуваат медиумите во Аргентина, ггентот на Кавани, Валтер Гулиелмоне, отпатувал за Буенос Аирес, каде ќе се сретне со раководството на Бока за да ги договори деталите.
Според пишувањата на аргентинските медиуми, остануваат уште неколку детали за комплетирање на трансферот на 36.годишниот ветеран во аргентинскиот гигант, при што се очекува да потпише договор на една или две сезони.
Кавани последно беше дел од тимот на Валенсија каде што постигна седум гола и две асостенции на 28 настапи.
Неговиот договор со „лилјаците“ е на уште една година, а искусниот фудбалер веќе одбил понуда од Саудиска Арабија, и веројатно заминува за Саудиска Арабија.