Голманот на Интер, Андре Онана, сепак, кариерата ќе ја продолжи во Премиер лигата.
Како што објави новинарот Фабрицио Романо, Манчестер Јунајтед го договорил трансферот на 27-годишниот Камерунец за сума од 50 милиони евра. Во сумата како бонус Интер може да добие уште 5 милиони евра, во зависност од настапите и резултатите на Онана.
Вчера Камерунецот се појави на стартот на тренинзите на Интер за новата сезона, но очигледно наредниве денови ќе замине за Англија каде ќе треба да ги мине лекарските прегледи пред да го потпише договорот.