Мајами го нуди Хиро и уште три пика од Драфтот во замена за Демијан Лилард

161

Мајами е подготвен да замени три пикови од првата рунда на Драфтот и плус да го испрати шутерот Тајлер Хиро како дел од трампата која би ја направиле за ѕвездата на Портланд, Демијан Лилард.

„Доколку Портланд добие четири избори во првата рунда, барем еден, ако не и двајца млади таленти, тогаш договорот треба да се реализира. Во овој момент, Хит се подготвени да се откажат од три пика во првата рунда, но и да го дадат Тајлер Хиро, а можеби и некој млад играч. Ова е прилично блиску до она што го сакаат Трејл Блејзерс“, напиша на Твитер новинарот Арон Фентрес.

32-годишниот Лилард минатата сезона играше на 58 натпревари во НБА лигата, со просек од 32,2 поени, 4,8 скока и 7,3 асистенции.

ПретходноВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА СПОНЗОР НА ФК КУЛ
СледноФИФА подели 209 милиони долари за СП 2022, Манчестер Сити „лапна“ најмногу