Менди се расплакал додека ја слушал пресудата!

1388

Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити, Бенџамин Менди е ослободен од обвиненијата за силување и обид за силување на друга жена, соопшти денеска судот во Честер.

Менди се расплакал додека претставник на поротата ја читал пресудата, по тринеделното судење.

Францускиот фудбалер беше обвинет за силување на 24-годишна жена во октомври 2018 година, додека 29-годишна жена го обвини за обид за силување пред две години.

На почетокот на годината 28-годишниот фудбалер беше ослободен од шест точки од обвинението за силување.

Договорот на дефанзивецот со Сити, во кој се пресели во 2017 година, истече на 1 јули.

Со селекцијата на Франција во 2018 година ја освои титулата на Светското првенство во Русија.

ПретходноМладинците ја „суредија“ и Велика Британија за полуфинале на ЕП „Б“ Дивизија (ФОТО)
СледноУЕФА удри по Барселона, Манчестер Јунајтед…