Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ сосема очекувано се пласираше во финалето на Вимблдон. Јаник Синер беше немоќен пред Ноле, кој славеше со 0-3 по сетови 3-6, 4-6 и 6-7 во меч кој траеше 2 часа и 49 минути. По овој триумф, Ѓоковиќ се најде на чекор до нова историја, поточно ќе има шанса да ја подигне 24 грен слем титула.
Уште на стартот беше јасно дека оваа пресметка ќе оди само во еден правец. Новак брзо ја презеде доминацијата, по 1-0 за Синер, за кракто време освои четири гема, по што беше 1-4, па 2-5. На крајот првиот сет го доби со 3-6.
Во вториот сет, Ноле повторно искористи изгубен сервис на противникот за 1-3, беше 2-4. Италијанецот успеа да намали на 3-4, но Ѓоковиќ не дозволи пресврт, го доби со 4-6.
Синер како во претходните два сета и во третиот поведе со 1-0. Овој пат беше далеку постабилен и не му дозволи на Ноле да му земе поен на негов сервис. Се водеше вистинска битка, а во еден момент српскиот тенисер, беше толку изнервиран од навивачите што упати сочни пцовки кон нив. Победникот во овој сет се решаваше во тај-брејк, а таму како победник излезе Ѓоковиќ.
The streak continues…@DjokerNole defeats Jannik Sinner 6-3, 6-4, 7-6(4) to reach his ninth #Wimbledon final pic.twitter.com/mAGLUmVhOr
— Wimbledon (@Wimbledon) July 14, 2023
Новак за противник во финалето ќе го има подобриот од Алкараз и Медведев.