Нов пораз за кадетите од Унгарија

77

Македонската машка кадетска репрезентација вторпат беше поразена од Унгарија, овојпат со 34-27 во рамките на подготовките за настап на Светското првенство.

Унгарија добро го отвори мечот, поведе со 7-3, на другата страна нашите ракометари имаа кратки, но недоволни моменти за да бидат рамноправен противник. Откако „црвено-жолтите“ се доближија на 20-24, унгарските ракометари во последните десет минути го подигнаа нивото и дојдоа до нов триумф во пресметките со нашата селекција.

Дамјан Субашевски постигна седум гола, шест имаше Мирче Калајџиески, четири реализации имаше Валентин Карасманакис, три гола додаде Димитар Узунчев.

ПретходноТотенхем ја пронајде замената за Кејн во Лил
СледноЃоковиќ испушти крик, судијата му одзема поен (ВИДЕО)