Каква спектакуларна победа на шпанското тениско чудо – Карлос Алкараз во полуфиналето на Вимблдон против Данил Медведев и тоа со 3:0 во сетови и тоа за само 1 час и 50 минути.
Па така Карлитос со ова си закажа мега-финале со Новак Ѓоковиќ, финале кое сите тениски фанатици и фанови го посакуваа.
Каков ли само тоа ќе биде спектакл во недела на Централниот терен? Можеме само да претпоставуваме. Карлитос против Ноле, може да се очекува и епски дуел или епско финале.
Но, за тоа потоа.
Да се вратиме на попладневниот триумф на Карлитос против немоќниот Русин кој денеска не знаеше што го снајде.
Шпанецот кој има само 20 години, првиот сет го доби со 6:3 во гемови, исто така беше и во вториот.
А во третиот беше исто, за уште една експресна победа на Алкараз оваа година на Вимблдон, му остана уште една пречка до пехарот, до бесмртноста, до првиот трофеј на најпрестижниот светски тениски турнир.
А таа пречка се вика – Новак!