Стоилковска поразена во продолжението од мечот од второто коло

122

Македонската тенисерка Магдалена Стоилковска го заврши настапот во сингл на фјучрсот во романскиот град Бакау. Таа во прдолжението денеска загуби од романската тенисерка Симона Огеску (20 год., 958 ВТА) со 2-0 во сетови (63 63). Мечот вчера беше прекинат поради дожд при резултат 3:3 во гемови во вториот сет. Денеска се доиграа три гема.

Стоилковска за настапот во 2.коло ќе освои еден поен.

Мкедонската тенисерка денеска ја очекува уште најмалку еден меч и во конкуренција на двојки. Таа заедно со Романката Диана Марија Михаил треба да играат меч од првото коло, кој во неколку наврати беше одложуван поради временскиот услови. Противнички ќе им идат украинските тенисерки Алина Циурпалевич и Анастасија Запарниук.

ПретходноМонако нема да го извади од тимот Бен Једер додека не се докажат обвинувањата за силување
СледноВокер од Сити се сели во Баерн