Во Штип стартува Балканското првенство во одбојка на песок за играчи до 22 години

185

Од денеска до недела Штип четвртипат ќе биде домаќин на Балканското првенство во одбојка на песок за играчи до 22 години. На теренот на спортскиот центар „Џексон“ ќе се натпреваруваат 17 двојки од пет држави, девет во женска и осум во машка конкуренција.

Македонија ќе има четири двојки, по две во двете конкуренции. Кирил Глаев и Давид Киров, односно Трајче Барбареев и Тоше Ефремов се двојките во машка конкуренција кои ќе ја преставуваат Македонија, додека кај дамите боите на нашата земја ќе ги бранат Мила Вакувска и Добрина Хаџи Тосева (МКД-1), односно Моника Костовска и Стефанија Кипријановска (МКД-2).

Програмата на првиот натпреварувачки ден стартува во 8.30 часот, а свеченото отворање е закажано вечерва околу 20:30 часот.

ПретходноАнхелињо е ново засилување за Галатасарај
СледноАрслан: Дисциплината во играта ја донесе победата, ќе одиграме исто и во Скопје