Уште еден трансфер од Брегалница: Николов следната недела потпишува за Сондерјиске!

423

Иван Николов (21), актуелен репрезентативец и еден од нашите најталентирани млади играчи својата кариера ќе ја продолжи во Данска, и тоа во тимот на Сондерјиски, каде ќе му се придружи на уште еден наш репрезентативец Сефер Емини.

Николов и Брегалница ја прифатиле понудата на данскиот тим, штипјани ќе добијат одредена сума на пари како отштета а смаиот Николов следната недела ќе замине во Данска каде ќе стави параф на договорот.

Инаку се е договорено, па така може да се каже дека Николов е нов член на Брегалница.

Со ова продолжува трендот на трансфер од штипскиот клуб, нешто што во последно време Брегалница ја прави посебна. Пред се тука мислиме на трансферите на Стојанов, Манев, Коцев…, сега и на Николов.

ПретходноКалин Ивановски запрен во четвртфиналето во Јаши
СледноЃоковиќ: 36 се новите 26, се чувствувам одлично (ВИДЕО)