Ѓоковиќ: 36 се новите 26, се чувствувам одлично (ВИДЕО)

287

Иако Јаник Синер пружи силен отпор, Новак Ѓоковиќ се пласираше во финалето на Вимблдон.Победи со 3:0 во сетови, но Италијанецот пропушти одлична можност на крајот од третиот сет значително да го продолжи овој меч.

„Секогаш е тесно и тензично во полуфиналето, иако можеби резултатот реално не покажува што се случи на теренот. Третиот сет можеше да оди на друг начин, промаши неколку шутеви и ми дозволи да стигнам до тајбрејк. Имаше голем притисок, а тој докажа зошто е еден од најдобрите играчи на младата генерација“, изјави Ѓоковиќ веднаш по натпреварот.

Водителот потоа го праша како успева да одржи толку високо ниво на игра дури и во доцните играчки години.

„Ние сме дел од индивидуален спорт и мораме да си веруваме и да бидеме во најдобра физичка и психичка состојба кога ќе излеземе на теренот. 36 се новите 26. Убаво се чувствувам на 36 години, имам многу мотив да продолжам да играм добар тенис. Овој спорт ми даде многу на мене и на моето семејство. Сакам да ја вратам услугата на овој спорт колку што можам повеќе“, објаснува Ѓоковиќ.

Новак во текот на мечот доби опомена од судијата, имаше голема нервоза на крајот од третиот сет, кога Синер дојде до сет-топката…, па нервозно реагираше и тенисерот.

“Тоа можеше да го промени натпреварот. Бев многу нервозен по одлуката на судијата. Мислам дека беше прв пат во мојата кариера да се случи такво нешто. Можеби тоа беше ехо од покривот, можеби продолжен крик, мислам дека не го вознемирив противникот“. 

ПретходноУште еден трансфер од Брегалница: Николов следната недела потпишува за Сондерјиске!
СледноТеа Митрева се врати во Бадел!