Арслан: Дисциплината во играта ја донесе победата, ќе одиграме исто и во Скопје

209

Фудбалерите на Шкупи се враќаат од Литванија со убедлива победа од 5:0 на првиот меч со хегелман во првото елиминациско коло од Конференциската лига. Тренерот на чаирскиот состав, Џихат Арслан, по средбата изјави дека очекува добар настап и на реваншот во Скопје.

„Не очекувавме толку убедлива победа. Треба да се напомене дека за Хегелман ова е 20-ти официјален натпревар, а за нас само прв. Победата ја донесе дисциплината на играчите. Сакам да се заблагодарам на домаќинот за приемот и за грижата за нас од првиот момент кога пристигнавме. И јас имав проблем со визата, но благодарение на Амбасадата на Литванија во Анкара, бев дел од тимот. Ќе бидеме подготвени и за вториот меч. Следната недела е реваншот, а нашиот тим мора да покаже дека резултатот не е случаен“, изјави Арслан.

ПретходноВо Штип стартува Балканското првенство во одбојка на песок за играчи до 22 години
СледноНухиу: Покажавме карактер, на реваншот ќе бидеме уште подобри