Макрон ќе ја враќа трката за ГН на Франција во календарот на Ф1

191

Францускиот претседател Емануел Макрон ги поддржа напорите за враќање на трката за Големата награда на Франција во календарот на Формула 1.

Градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси, побарал поддршка од Макрон за ова прашање. Претседателот дал позитивен одговор и им даде на Естрози и на шефот на Француската автомобилска федерација, Николас Дешо, овластување да преговараат со Ф1.

„Со право посочивте дека нашата земја, која секоја година е домаќин на големи меѓународни натпреварувања, мора да биде способна повторно да се поврзе со Формула 1 за општо добро. Прашање е за атрактивноста на нашата земја, нејзиното влијание врз автомобилската индустрија и иновациите за поддршка на декарбонизацијата на овој сектор“, напишал Макрон.

ПретходноФИФА подели 209 милиони долари за СП 2022, Манчестер Сити „лапна“ најмногу
СледноМишов промовиран во Самтредиа