Македонската машка кадетска репрезентација вторпат беше поразена од Унгарија, овојпат со 34-27 во рамките на подготовките за настап на Светското првенство.
Унгарија добро го отвори мечот, поведе со 7-3, на другата страна нашите ракометари имаа кратки, но недоволни моменти за да бидат рамноправен противник. Откако „црвено-жолтите“ се доближија на 20-24, унгарските ракометари во последните десет минути го подигнаа нивото и дојдоа до нов триумф во пресметките со нашата селекција.
Дамјан Субашевски постигна седум гола, шест имаше Мирче Калајџиески, четири реализации имаше Валентин Карасманакис, три гола додаде Димитар Узунчев.