Омер Исинов пред трансфер во Сакариаспор

932

Некогашниот младинец на екипите на Работнички и Шкупи, Омер Исинов е пред трансфер во Турција, поточно во тимот на Сакариаспор.

Тој е веќе неколку дена дел од тренинг кампот на турскиот второлигаш и во следните неколку дена трансферот би требало да биде реализиран.

Се работи за играч кој е роден 2000 година и кому секако дека со евентуалната преселба во Сакариаспор ќе ја однесе својата кариера на едно сосема друго ниво.

Ова е клуб инаку кој во минатата сезона заврши како петти во второлигашката конкуренција во Турција.

ПретходноАлтипармаковски се пресели во Србија
СледноТадиќ побара раскин од Ајакс, за да замине во Саудиска Арабија