Панатинаикос исполни нова желба на Атаман, центар од Барса стигна во Ц.Звезда

540

Поранешниот шутер на Хувентуд, Кајл Гај е новиот кошаркар на Панатинаикос. Грчкиот клуб на својата официјална страница потврди дека 26-годишниот кошаркар потпишал договор на две сезони.

Тимот на Ергин Атаман полека прераснува во првиот фаворит за освојување на Евролигата следната сезона. На искусниот турски селектор му е ставен на располагање огромен буџет, кој во доволна мера го користи летово.

Гај има искуство и во НБА каде настапуваше за Сакраменто и Мајами, а минатото лето премина во тимот на шпански Хувентуд.

Нов кошаркар на Црвена Звезда е американскиот центар Мајк Тоби. Станува збор за играч кој пристигнува од Барселона и кој со години успешно настапува за словенечката репрезентација.

Првите сериозни кошаркарски чекори Мајк Тоби ги направи во НЦАА, на престижниот колеџ Вирџинија, по што настапуваше за Шарлот, а од 2017 година почна да гради сериозна европска кариера, настапувајќи двапати за Валенсија, Тенерифе и Барселона.

ПретходноТеа Митрева се врати во Бадел!
СледноОва момче е чудо: Алкараз го “збриша“ Медведев и си закажа мега-финале со Ноле!