Пораз од Исланд, Македонија со уште една шанса за да избегне последно место

96

Женската ракометна репрезентација до 19. години доживеа уште еден пораз на актуелното ЕП. Овојпат нашите девојки беа немоќни против Исланд од кого загубија со конечни 35-29 (20-15). Во тек е разигрувањето за конечните места на овој турнир, а Македонија сега ќе треба дополнително да се потруди за да не заврши како последна.

Анастасија Трпческа кај нас имаше свој ден па погоди шест пати од исто толку обиди, а по еден гол помалку додадоа Стефаноска и Јанкуловска.

Следниот дуел кој Македонија ќе треба да го одигра за да го дознае својот конечен пласман на овој турнир е оној против Србија или Хрватска, во зависност кој ќе победи од овие две селекции.

 

 

 

ПретходноТадиќ побара раскин од Ајакс, за да замине во Саудиска Арабија
СледноМонако нема да го извади од тимот Бен Једер додека не се докажат обвинувањата за силување