ФИФА подели 209 милиони долари за СП 2022, Манчестер Сити „лапна“ најмногу

275

Меѓународната фудбалска асоцијација (ФИФА) ќе им исплати 209 милиони долари на клубовите кои ги испратија своите играчи на изминатото Светско првенство во Катар. Отштета ќе добијат 440 клубови од 51 земја.

Според правилата на ФИФА, на клубовите им се исплаќаат 10.950 долари за секој ден на некој нивен играч на Светското првенство, без разлика на времето на игра во кое бил вклучен.

Дури 46 клубови од Англија ќе добијат обештетувања кои ќе бидат во вкупна вредност од 37,7 милиони долари. Следат клубовите од Шпанија, Германија, Италија и Франција.

Најмногу пари ќе добие тимот на Манчестер Сити околу 4,6 милиони долари. На второ место е Барселона со близу 4,5 милиони, а Баерн Минхен е трет со 4,3 милиони.

ПретходноМајами го нуди Хиро и уште три пика од Драфтот во замена за Демијан Лилард
СледноМакрон ќе ја враќа трката за ГН на Франција во календарот на Ф1