Гостивар потпиша нов Американец и го завери Митевски!

211

Гостивар продолжува со создавање на ростерот за новата сезона. Раководството на клубот потпиша нов Американец. Станува збор за Ерик Пауел кој игра на бековската позиција, а последната сезона ја поминал на Универзитетот Мекендри во втората дивизија од НЦАА. На 32 одиграни натпревари, просечно постигнувал по 8,8 поени, 2,1 скок и 1,2 асистенции.

Тука не застана, Гостивар, неколку часа подоцна потврди дека Максим Митевски останува плаво-бел. Еден од поважните играчи од минатата сезона повторно ќе го носи дресот каде што се очекуваат уште подобри натпревари, затоа што неговиот талент неможе никој да го оспори.

 

Претходно овој тим ги договори Крис Остен и Габриел Коскоски.

ПретходноБрдаровски бил нападнат од „Комити“ среде тренинг!
СледноВојдан и Дамјан на трибините во „Борис Трајковски“ – секогаш за Македонија!