Лионел Меси и официјално стана член на Интер Мајами. Аргентинецот веќе неколку дена е во Мајами со семејството. Се чекаше да стави потпис на договорот, а денеска конечно тоа се случи.
Доаѓањето на еден од најдобрите на сите времиња сигурно ќе му донесе многу на тимот од Мајами, но ќе ја зголеми и популарноста на самата МЛС.
Очекувано, Меси во својот нов тим ќе го носи дресот со број 10. Би било големо изненадување доколку некој друг може да го добие покрај него.
BIENVENIDO 1️⃣0️⃣ pic.twitter.com/df1TJQQoYv
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) July 15, 2023
Sí, Muchachos📍 pic.twitter.com/8E3f9hb9VU
— Inter Miami CF (@InterMiamiCF) July 15, 2023