Милан го договори најдобриот играч на Аз Алкмар

304

Холандскиот репрезентативец Тијани Рејиндерс ќе биде нов играч на Милан. Како што јавува трансфер гуруто Фабрицио Романо, Милан и АЗ Алкмар денеска постигнале договор околу трансферот на офанзивецот за сума од 20 милиони евра.

Од претходно Рејиндерс ги имаше договорено личните услови, со назнака дека Милан е дестинацијата каде што сака да заврши летово.

Лекарските прегледи се закажани за стартот на следната недела, а со ова Милан прави уште еден чекор напред летово, откако ги договори веќе Пулишиќ и Лофтус Чик.

ПретходноТеона Андова е нова шампионка на Македонија
СледноРајс и официјално стана најскапиот играч во Премиер лигата