Младинките со победа над Хрватска го завршија Европското првенство

97

Македонската младинска женска ракометна репрезентација го освои 15 место на Европското првенство кое се одржува во Романија. Избраничките на Јулијана Дамчевска на последниот меч успеаја да дојдат до првата радост на овој евро-шампионат, откако ја совладаа Хрватска со 31-26.

Најефикасна во нашите редови беше Емилијана Ризоска со седум погодоци, пет постигна Теодора Дукоска, по четири имаа Сара Стефаноска и Теодора Дукоска.

Македонија мечот го реши во првото полувреме по кое водеше со убедливи 18-8. „Црвено-жолтите“ отворија со 5-1, па водеа со 8-4, а пред одморот имаа највисоки 8-7. Во продолжение беше чиста формалност, нашите ракометарки без проблем го приведоа мечот во своја корист.

Во конкуренција на 16 екипи, младинките завршија претпоследни, скорот е шест порази и една победа.

ПретходноЗомер му кажа „ДА“ на Интер
СледноЛегендарна „тројкашка“ изведба на Сабрина Јонеску (ВИДЕО)