Младинската машка кошаркарска репрезентација на Македонија ја победи Украина во полуфиналето на Европското првенство „Б“ Дивизија и обезбеди место во „А“ Дивизија.
Избраниците на Никола Василев утре ќе играат за пехарот во ова натпреварување, а за противник ќе ја имаат селекцијата на Чешка, која во второто полуфинале без проблем ја совлада Шведска со 94-74.
Кошаркарите на Чешка мечот го решија уште по првото полувреме, по кое имаа позитива од 52-34. До крајот лесно ја одржуваа позитивата.
За постетување со Чешка веќе игравме во групната фаза, не совлада во првото коло со 80-75, иако нашите момци имаа добар почеток и водство на овој меч.
Финалето е последно на програмата, се игра утре со почеток во 21 часот во СЦ „Борис Трајковски“.