Капитенот на Македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски предмалку со својот тим Динамо Загреб на домашен терен, на својот Максимир, го совлада лутиот ривал Хајдук Сплит и на тој начин го освои традиционалниот Супер куп на Хрватска.
Ристовски стандардно на својата десна бековска позиција одигра осумдесетина минути, а единствениот гол на мечот го постигна Батурина на стартот на второто полувреме.
Со ова, Ристовски и Динамо со трофеј ја отворија новата сезона.