Дефанзивецот на Баерн Минхен, Бенжамин Павар би можел кариерата да ја продолжи во Манчестер Сити, објави новинарот Фабрицио Романо.
„Граѓаните“ го гледаат 27-годишниот Французин како замена за Кајл Вокер, кој најверојатно ќе оди во Баерн (М).
Павар е во Баерн од 2019 година. Минатата сезона одигра 43 настапи за клубот, постигнувајќи 7 гола и 1 асистенција.