Нашиот репрезентативец Енис Барди уште еднаш потврди дека е фантастичен изведувач на слободни удари. На денешниот пријателски и подготвителен меч на Трабзонспор против унгарски Фехервар, Барди успеа во 75. минута да постигне еден прекрасен гол од слободен удар со што на својата екипа и донесе израмнување на 2:2.
Овој гол и настапот на Барди можат да бидат добра препорака за тренерот Бјелица на него да смета многу повеќе во новата сезона.
Enis Bardhi’nin frikik golü skoru 2-2’ye getirdi pic.twitter.com/o3LhmJQ30a
— 1967 (@1967eness) July 15, 2023