Вардар стигна на Златибор засилен со Брдаровски, Педрињо, Трајковски…

1345

Фудбалерите на Вардар, предводени од стручниот штаб, денеска пристигнаа на Златибор во Р. Србија, каде што по првичните подготовки во Скопје, ќе го реализираат главниот дел на летните подготовки пред почетокот на новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Заедно со тимот на летните подготовки отпатува и Владица Брдаровски, актуелниот репрезентативец на Македонија, кој повторно го носи дресот на „црвено-црните“, Ласо Фигураедо Педрињо, второто засилување на клубот, кој доаѓа од бугарскиот тим Мињор Перник, како и Лука Трајковски, фудбалер кој претходно настапуваше за екипата на Победа Прилеп.

Покрај нив во ростерот на екипата се вратија и фудбалерите Мартин Блажевски, кој минатата полусезона настапуваше како позајмен играч во тимот на ФК Скопје, и Бењамин Демир, кој по пауза од неколку месеци повторно е во Вардар.

ПретходноБарди е мајстор за слободни удари: Прекрасен гол за реми на Трабзон (ВИДЕО)
СледноГрабул и Деари утре ќе се борат за шампионската титула