Во Мадрид одушевени од Арда Гулер… момчето е фантастично (ВИДЕО)

2415

Само неколку дена минати во кампот на Реал Мадрид му беа доволни на турското чудо од дете, Арда Гулер да покаже зошто летово е едно од најголемите засилувања на „Кралскиот клуб“.

Како што јавуваат шпанските медиуми, Гулер на тренинзите на Реал веќе почнува со полна пареа да ги покажува своите сериозни фудбалски квалитети и пред се талент односно потенцијал, и сите се воодушевени од него.

Видео инсертите кои клубот ги сподели само ја потврдуваат оваа констатација дека Гулер навистина има потенцијал да биде наследникот на Лука Модиќ, епитетот со кој што беше и доведен во Мадрид.

Работната навика и начинот на кој што младиот Турчин се однесува само потврдуваат за каков професионалец се работи, како и фактот што тој го скратил дадениот одмор од клубот за цели десет дена само за да биде дел од тимот и што побргу да се вклопи во него.

ПретходноЛегендарна „тројкашка“ изведба на Сабрина Јонеску (ВИДЕО)
СледноТеона Андова е нова шампионка на Македонија