Гари Медел направи гаф на презентацијата како нов играч на Васко да Гама

334

Бразилскиот Васко да Гама го комплетира трансферот на искусниот чилеански фудбалер Гари Медел. Поранешниот репрезентативец и екс-фудбалер на многу европски клубови потпиша со четирикратниот бразилски шампион на 18 месеци.
На презентацијата направи гаф со кој ги налути навивачите.
„Васко е многу голем клуб, вториот најголем во Бразил“, изјави Медел кој сфати дека погреши па се обиде да се поправи.
„мислам… еден од најдобрите…“, рече Чилеанецот кој додаде дека ќе даде се од себе за овој клуб.
„Ќе ја оставам душата на терен. Се надевам резултатите ќе бидат успешни и Васко ќе биде таму каде што заслужува“.

Претходно“Бомба“: Саудиска Арабија го купува Олимпик Марсеј!
СледноСава Радиќ – Струга ТЛ: Сега ние сме во предност, оваа шанса не смее да се испушти!