Кошаркарскиот клуб Црвена Звезда продолжува со засилувањата за новата сезона. Во петокот објави два трансфери, утринава потврди уште еден. Прво ангажираше два центри, едниот е Мајк Тоби, кој лани беше резервен играч во Барселона, а по него дојде и Џоел Боломбој кој до сега играше за Олимпијакос.
Боломбој со Звезда потпиша на една сезона, а зад себе има пет сезони во Евролигата.
Утринава „црвено-црните“ редови ги засили Литванецот Рокас Гидратис. Крилниот кошаркар го раскина договорот со Басконија и како слободен играч доаѓа во Белград.
Претходно Звезда се засили со Дејан Давидовац кој се врати по една година во ЦСКА Москва, потоа Милош Теодосиќ, Марко Симоновиќ кој собираше искуство во Чикаго Булс во НБА лигата, Адам Ханга од Реал Мадрид.
Звезда се обидува да го донесе и Шабаз Нејпир кој треба да биде замена за Факундо Кампацо.