Зенит по осмипат го освои Суперкупот на Русија

86

Фудбалерите на Зенит на пенали ја победија ЦСКА Москва во натпреварот за Суперкупот на Русија. Средбата се одигра во Казан и во регуларниот дел заврши без голови – 0:0.

Веднаш се пристапи кон изведување на пенали, каде фудбалерите на Зенит се покажаа попрецизни и во пенал рулетот славеа со 5:4.

Зенит го освои осмиот Суперкуп на Русија и стана рекордер по бројот на трофеи. На второ место е ЦСКА со седум Суперкуп одличја.

Составот од Ст. Петерсбург ја освои 22-та титула во својата руска историја. Зенит има 9 титули од руското првенство, 4 руски купови, 8 победи во Суперкупот и 1 една во Лига купот. Со тоа Зенит стана најтрофејниот клуб во Русија.

ПретходноИсланѓанецот кој лани му судеше на Шкупи, сега ќе и суди на Шкендија во Велс
СледноБарди е мајстор за слободни удари: Прекрасен гол за реми на Трабзон (ВИДЕО)