Исланѓанецот Ивар Кристјансон ќе биде на центарот во четврток на реванш пресметката меѓу Хаверфордвест и Шкендија во рамките на 1. коло од УЕФА Конференциската лига. Тетовци на ова гостување заминуваат со минималн апредност од 1:0 и се надеваат на добар настап на реваншот и пласман во 2. коло од квалификациите.
Исландскиот судија минатата година беше на центарот во Скопје на мечот меѓу Шкупи и Балкани (Косово) во мечот исто така од квалификациите во Конференциската лига, кога чаирчани беа поразени со 2:1.
Во Скопје, пак, на пресметката меѓу Шкупи и Хегелман ќе суди Тим Маршал од Северна Ирска. На овој меч Шкупи влегува со висока предност од 5:0 и треба само формално да го потврди местово во следната рунда.
Последниот македонски преставник во Конференциската лига, Македонија ЃП во четврток гостува во Летонија кај екипата на РФС со негатива од 1:0 по првиот меч во Скопје. УЕФА го назначи Швајцарецот Урс Шнајдер за главен судија на оваа средба. 37-годишниот Швајцарец досега и нема судено ниту на некоја наша екипа во европските купови, ниту на некоја од нашите репрезентативни селекции.