Второлигашот Беса продолжува да се засилува во летниот преоден рок. Ново име во редовите на тимот од Добри Дол е дефанзивецот Јасмин Мециновиќ кој стави потпис на едногодишен договор.
Мециновиќ минатата сезона играше за Скопје, беше и во косовски Феризај. Инаку Мециновиќ, кој е поранешен младински репрезентативец на Македонија, во кариерата играше за Струга, Ренова, Македонија ЃП, Хоризонт Турново, Пелистер, во Молдавија, Унгарија, Индонезија, Сингапур, Иран, Црна Гора…
Инаку Мециновиќ е седмиот нов играч во Беса ова лето.