Чешката тенисерка Маркета Вондроушова ја победи Онс Жабер во финалето на Вимблдон во женска конкуренција. Во мечот кој траеше релативно кратко, само час и 20 минути, чешката тенисерка славеше со идентички 6;4 во двата сета.
42. тенисерка на ВТА листата никогаш досега нема триумф на Грен Слем турнир и за неа ова е првиот голем трофеј во кариерата. 24-годишната Вондроушова годинава ниту еднаш не дозволи да загуби од 28-годишната Жабер, која втора година по ред не успева да го освои Вимблдон. Тунижанката минатото лето исто така загуби во финалето. Тогаш подобра од неа беше Елена Рибакина.
POV: you just become a Wimbledon champion 🏆#Wimbledon pic.twitter.com/kf484DhHUt
— Wimbledon (@Wimbledon) July 15, 2023