Младинците го добија противникот за утрешното финале!

467

Младинската машка кошаркарска репрезентација на Македонија ја победи Украина во полуфиналето на Европското првенство „Б“ Дивизија и обезбеди место во „А“ Дивизија.

Избраниците на Никола Василев утре ќе играат за пехарот во ова натпреварување, а за противник ќе ја имаат селекцијата на Чешка, која во второто полуфинале без проблем ја совлада Шведска со 94-74.

Кошаркарите на Чешка мечот го решија уште по првото полувреме, по кое имаа позитива од 52-34. До крајот лесно ја одржуваа позитивата.

За постетување со Чешка веќе игравме во групната фаза, не совлада во првото коло со 80-75, иако нашите момци имаа добар почеток и водство на овој меч.

Финалето е последно на програмата, се игра утре со почеток во 21 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

ПретходноРистовски и Динамо Загреб го освоија Супер купот на Хрватска
СледноСити и Баерн прават трампа: Гвардиола го сака Павар како замена за Вокер