Напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку нема да се врати во Интер.
Како што објави новинарот Џанлука Ди Марцио, клубот од Милано одлучил да ги прекине преговорите за потпис на 30-годишниот играч.
Фудбалерот веќе е известен за ова, а наскоро ќе биде известен и Челзи. „Нероаѕурите“ решија да се откажат од Белгиецот поради неговите разговори со Јувентус и гласините за интерес од екипата на Милан.
Лукаку го повикал спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио, синоќа за да се обиде да ги среди работите, но телефонскиот повик не траел долго. Сега Интер ќе бара алтернативни опции за засилување на нападот.
Претходно беше објавено дека Интер е подготвен да плати 35 милиони евра за Лукаку, а Јувентус понудил 37,5 милиони.