ОФИЦИЈАЛНО: Рајс е играч на Арсенал и најскап англиски фудбалер во историјата

224

Трансферната сага е завршена, англискиот репрезентативец Деклан Рајс оди во Арсенал, потврди Вест Хем. Рајс ќе стане најскапиот англиски фудбалер на сите времиња затоа што Вест Хем за овој трансфер ќе добие 117 милиони евра фиксно плус шест во бонуси.
Вест Хем на својот веб-сајт потврди дека е постигнат договор играчот за врска да се пресели на „Емирати“.
Жал ни е што Деклан не напушта, но верувам дека во клубот сите се горди на улогата која ја одиграа во текот на неговата кариера – од нашата академија до тоа да стане најскапиот англиски фудбалер. Сакам да им порачам на навивачите дека клубот не сакаше да го продаде Рајс. Сакавме да изградиме тим околу него, му понудивме убави услови од оние претходните. Но тој сакаше да оди, ни порача дека му е потребен предизвик. Одлучивме да не му стоиме на патот и да му дозволиме да оди“, изјави првиот човек на Вест Хем, Дејвид Саливен.
Рајс дебитираше за „чеканите“ во 2017 година. Одигра 245 натпревари, а последниот му е финалето од ЛК во Прага каде Вест Хем го освои трофејот.

ПретходноМакедонската едриличарска репрезентација ќе настапи на Европско и на Светско првенство!
СледноМладинците против Украина за финале и местото во „А“ Дивизија