По голема борба Ѓорческа запрена во полуфиналето на Фјучрсот во Рим

100

Нашата најдобра тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да се избори за место во финалето на ИТФ Фјучрсот кој се игра во Рим за награден фонд од 60.000 долари. Во денешното прво полифинале, по голема борба, Ѓорческа загуби од втората фаворитка на турнирот, Кипранката Ралука Сербан во три сета со 1:2 (7:5, 4:6, 4:6).

Лина успеа да го добие првиот сет по тешка борба која траеше еден час, а потоа дозволи уште на стартот на вториот сет Кипранката да се одлепи (1:4), по што беше тешко да се бори за освојување на сетот.

Во третиот сет видовме најголема борба. Истиот траеше повеќе од еден час, но иако имаше неколку можности да израмни на 5:5, Лина дозволи Сербан да го освои десеттиот гејм во сетот и со 6:4 да се избори за конечна победа.

ПретходноБарса го договори Ориол Ромеу
СледноИсланѓанецот кој лани му судеше на Шкупи, сега ќе и суди на Шкендија во Велс