Рајс и официјално стана најскапиот играч во Премиер лигата

228

Со сумата од 123 милиони вредниот трансфер од Вест Хем во Арсенал, Деклан Рајс и официјално стана најскапиот играч во историјата на Премиер лигата.

Предмалку Арсенал го претстави Рајс како свое најново засилување, и со тоа отпоќна една нова ера во клубот.

Рајс би требало да биде водачот на следниот Арсенал, кој во периодот кој следува планира да освојува тројефи како на домашна така и на интернационална сцена.

Рајс е дете на Вест Хем и дебитираше за овој клуб во 2016 година. За овој клуб одигра 244 мечеви, а стигна и до бројката од 43 за Англија.

 

ПретходноМилан го договори најдобриот играч на Аз Алкмар
СледноПорази на македонските двојки на првиот ден од БП во одбојка на песок во Штип