Ристовски и Динамо Загреб го освоија Супер купот на Хрватска

512

Капитенот на Македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски предмалку со својот тим Динамо Загреб на домашен терен, на својот Максимир, го совлада лутиот ривал Хајдук Сплит и на тој начин го освои традиционалниот Супер куп на Хрватска.

Ристовски стандардно на својата десна бековска позиција одигра осумдесетина минути, а единствениот гол на мечот го постигна Батурина на стартот на второто полувреме.

Со ова, Ристовски и Динамо со трофеј ја отворија новата сезона.

 

ПретходноНикола Миротиќ се договори со Партизан!
СледноМладинците го добија противникот за утрешното финале!